Бара или Длабоки Пат — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Стануловци. Претставува средновековна населба и некропола. Западно од селото, во нивата на еден селанец е откриен гроб од камени плочи - тип циста. Источно од гробот, во месноста Длабоки Пат, при орањето на нивите, се појавуваат градежни материјали и фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 359, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бели Брег — населба од доцноантичкото време; Стануловци; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Стануловци