200px|right|thumb|Ким во 2014 Ким Џунг-хван (, р. 23. ноември 1990 година), познат и под неговото уметничко име Еди Ким (), е јужнокорејски пејач, текстописец и гитарист. Се стекна со слава како натпреварувач на телевизиското шоу за таленти „Суперстар К 4“ во 2012 година. Го издаде својот прв EP диск под името „Прирачникот“ во 2014 година.
Во 2019 година, Ким беше поврзан со скандалот за недозволено споделување на слики од девојки во групни пораки на платформата KakaoTalk. Групните пораки, во кои членуваа и други познати личности, беа создадени од Џунг Џун-јанг. Ким призна на полицијата дека споделувал слики од скриени камери кои ги симнал од интернет.
Наводи
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Јужнокорејци Категорија:Пејачи Категорија:Текстописци Категорија:Гитаристи Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“ Категорија:Живи луѓе