Феличе Пласидо Борел (роден на година во Ница) — поранешен италијански фудбалер и фудбалски тренер, кој играл на позицијата .
Тој бил светски шампион со италијанската репрезентација на Светското првенство 1934.
Биографија Борел бил познат по прекарот Farfallino (малата пеперутка).. Тој е син на Ернесто и помлад брат на Алдо, кои исто така биле фудбалери; за да се разликува од својот брат, во фудбалските алманаси Феличе се појавувал и како Борел II. Феличе учел во класично средно училиште.
Технички одлики Борел обично играл како централен напаѓач, и се смета за еден од најдобрите напаѓачи на Италија и на Јувентус на сите времиња. Тој бил познат по неговата брзина, движење, шут, реализација, дриблинг, тимската игра и техничките квалитети. Во подоцнежните години од кариерата тој обично играл како внатрешен напаѓач, мецала, па дури и како централен играч од средниот ред. И покрај неговите големи фудбалски квалитети, тој бил доста склон кон повреди.
Кариера Клупска кариера
Феличе Борел го имал своето деби во Серија А со екипата на со само осумнаесет години, на 2 октомври 1932 година, по натпревар во кој неговиот тим бил поразен од . Од 1932 до 1935 година, тој придонел за освојување на 3 последователни скудета, и бил најдобар стрелец во сезоните 1932-33 (со 29 гола на 28 настапи) и 1933-34 (со 31 гол на 34 настапи): во првата, бројот на голови бил поголем од бројот на одиграните натпревари, поставувајќи рекорд кој бил изедначен од Кристијан Виери седумдесет години подоцна со 24 гола на 23 настапи.. Тој, исто така, бил и најмладиот играч кој станал најдобар стрелец во италијанската лига. Во сезоната 1937-1938, тој го освоил и својот прв трофеј во Купот на Италија со Јувентус.
Сепак, и покрај тоа што бил голем протагонист на Јувентус во периодот познат како Quinquennio d'oro (пет освоени скудета по ред), неговиот придонес во повеќето сезони бил ограничен со бројни повреди. По само една сезона во , тој повторно се вратил во „Старата дама“, останувајќи таму до 1946 година. Тој потоа ја завршил кариерата бранејќи ги боите на Алесандрија и Наполи, во последниот клуб дури играјќи во Серија Б (неговата единствена сезона во понизок ранг), пред да замине во пензија во 1949 година.
Репрезентативна кариера Тој одиграл 3 натпревари за италијанската репрезентација, постигнувајќи еден гол; и тоа на своето деби против .. Учествувал на Светското првенство 1934, главно како резерва за напаѓачот на Болоња Анџело Скијавио, играјќи само во повторениот натпревар од четвртфиналето против .
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1932-1933 А 28 29 - - - МК 4 1 32 301933-1934 А 34 31. - - - МК 6 5 40 361934-1935 А 29 14 - - - МК 7 6 36 201935-1936 А 8 54 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it. КИ 0 0 - - - 8 51936-1937 А 26 17 КИ 2 1 - - - 28 181937-1938 А 1415 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it. 7 КИ 3 4 МК 0 0 17 111938-1939А 19 1 КИ 1 0 - - - 20 11939-1940А 17 6 КИ 3 2 - - - 20 81940-1941 А 30 8 КИ 2 2 - - - 32 101941-1942 А 25 7 КИ 1 0 - - - 26 71942-1943 А 2514 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it. 73 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it. КИ 0 0 - - - 25 71944 АИ 22 5 - - - - - - 22 51945-46 ДН 2827 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it. 1210 според Enciclopediadelcalcio.it, cfr. Myjuve.it. - - - - - - 28 12Вкупно Јувентус 280 142 11 9 17 12 308 1631946-1947 Алесандрија А 1 0 - - - - - - 1 01947-1948 А 0 0 - - - - - - - -1948-1949 Б 1 0 - - - - - - 1 0Вкупно во кариерата 307 149 12 9 17 12 336 170
Титули Клупски Јувентус Серија А : 3 1932-1933, 1933-1934, 1934-1935 Куп на Италија : 1 1937-1938
Репрезентативни Италија Светско првенство : 1 1934
Поединечни Најдобар стрелец во Серија А : 2 1932-1933 (29 гола), 1933–1934 (31 гол)
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Феличе Борел на soccerway Феличе Борел на transfermarkt Феличе Борел на espn Феличе Борел на enciclopediadelcalcio.it
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Тренери на ФК Јувентус Категорија:Тренери на ФК Наполи Категорија:Француски фудбалери Категорија:Починати во 1993 година