Лобковски паримејник или Хлудов паримејник — средномакедонски кирилски ракопис од 13-14 век на пергамент. Бил напишан од македонскиот книжевник Никола Брата во времето на византиските цареви Андроник II Палеолог и неговиот син Михаил IX (помеѓу 1294 и 1320 година). Содржи 171 лист. Се наоѓал во збирката ракописи на А. И. Лобков, поради што во славистичката наука е познат како Лобковски паримејник. Сега се чува во збирката ракописи на Хлудов (бр. 142) во Државниот историски музеј во Москва. Ракописот претставува значаен извор за проучување на историскиот развој на македонскиот книжевен јазик.

Поврзано Паримејник Григоровичев паримејник

Наводи

Категорија:Средновековна македонска книжевност