„(Бес)конечни модели на расказот“ — збирка раскази од македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска. Книгата е издадена во 2018 година од издавачкото претпријатие Бегемот, во рамките на библиотеката „Наше маало“. Таа била испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното издавање било финансирано од Министерството за култураСања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018.

Содржина Збирката содржи 78 куси раскази, поделени во 13 циклуси:Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018. Почетнички раскази * Млечно запче * Лист, камен, ножички * Вртимушка * Жижица * Куќичка за птици * Пена од пиво * Клацкалка * Глуварче

Ситни раскази * Мрсул * Мамец * Кесичка чај * Голо пупе * Гума за џвакање * Приврзок за клуч * Клопче * Квака * Мува во супа

Деликатесни раскази * Зелка * Десетка со кромид * Сол и црн пипер * Сладолед * Лубеница * Тулумба

Иритирачки раскази * Мевце во заб * Каменче во чевел * Прдеж во лифт * Трепка во око * Дамка на маица * Паста за заби при крај * Скинато копче * Резервна гума * Коњско опавче * Пепелник * Плускавец

Патувачки раскази * Куфер * Несесер * Количка за багаж * Хотелско сапунче * Знак каде што почнува еден град * Знак каде што завршува еден град

Вселенски раскази * Супернова * Кратер * Затемнување на Сонцето

Суеверни раскази * Урочливи очи * Талог од кафе * Вретено

Функционални раскази * Хефталка * Стари чевли во нова кутија * Табуретка * Штипка * Леѓен * Жлеб * Чепкалки за заби * Игла и конец * Мрежа за комарци * Чергиче пред врата * Помошни скали * Кармин

Раскази за засолнување * Гнездо * Стреа

Раскази-стапици * Пајажина * Жива кал * Печурка

Среќни раскази * Детелина со четири листа * Грепка * Врба * Џукела

Несреќни раскази * Оглас * Покојник * Риба во аквариум * Риба на суво * Згазено куче * Свиснати гради

Раскази со среќен почеток, а тажен крај * Прашина под кревет * Ветерница * Нишало * Еднојајчани близнаци * Желка

Осврт кон делото Расказите во збирката се поделени во повеќе циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, суеверни, функционални, опасни, раскази-стапици, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај итн. Веќе самите наслови укажуваат на креативноста и инвентивноста, оригиналноста и игривоста на нивната авторка. Имено, во средиштето на оваа книга се тринаесетина (според бројот на циклуси) модели на раскази, варијанти на пишување куси раскази; тоа се раскази за расказот, еден вид луцидни упатства и сугестии за тоа како се пишуваат раскази и какви сѐ облици и модели на краток расказ можат да постојат, како и кои се нивните парадигматични обележја. Фасцинира, притоа, богатството на аналогии и асоцијации на творечкиот чин со најобични, дури и банални ситуации и објективни предмети од непосредната реалност. Низ целата збирка се провлекува лудистичката постапка која е потенцирана со (само)иронична нота. Понекогаш, расказите звучат како филозофски искази. Ефектни, енергични и динамични, минијатурите на Михајловиќ-Костадиновска се одликуваат со згусната форма, нагласена сликовитост и висок степен на култура на изразот. Тие нудат мошне впечатливи, интересни и возбудливи коментари за видовите нарација кои, несомнено, ќе ја разиграат читателската фантазија и ќе понудат неповторливо читателско искуство. Авторката вешто си поигрува со поривот за раскажување на мошне инвентивен и оригинален начин. Збирката претставува извонреден пример на жанрот кус расказ, кој во поново време доживува полет во македонската книжевност, и нема сомнение дека таа внесува многу свежина и дава значаен придонес не само за развојот на овој жанр, туку ја збогатува и македонската книжевност, воопшто.Лидија Капушевска-Дракулевска, „За ракописот '(Бес)конечни модели на расказот' од Сања Михајловиќ-Костадиновска“, во: Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 131-134.

Наводи

Категорија:Сања Михајловиќ-Костадиновска Категорија:Дела на Сања Михајловиќ-Костадиновска Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Книги од 2018 година Категорија:Појавено во 2018 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2018 година Категорија:Македонски раскази