Нојштат на Рибенберге (, се употребува и кратенката Neustadt a. Rbge.) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа помеѓу покраинскиот главен град Хановер и градот-држава Бремен.

Географија Местоположба

Градот се наоѓа на реката Лајне, североисточно од Штајнхудското Езеро.

Нојштат со својата површина од 357 км² – што претставува илјадити дел од површината на Германија – припаѓа на 100. најголеми градови во Германија и е најголем град кој припаѓа на округ во „старите покраини“.

Градски единици

Нојштат се состои од самиот град (поранешен окружен град) и 33 околни места (порано: општини):

Бр.  1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 Градска единица  Површина(во км²) Жители(2013) Гус. на нас.(во жит./км²) Амедорф 4,24 302 71 Аферхој] 2,68 95 35 Басе 8,08 593 73 Бевензен 3,33 143 43 Борденау 9,82 2.847 290 Борстел 9,63 864 90 Бразе 5,90 108 18 Бирен 6,28 253 40 Дуденсен 9,72 553 57 Ајлфезе 16,59 1.579 95 Емпеде 8,09 639 79 Есперке 12,22 737 60 Евенсен 3,48 110 32 Хаген 9,87 1.429 145 Хелсторф 5,31 1.344 253 Ладерхолц 8,83 322 36 Лутер 6,96 192 28 Лутмерсен 4,58 127 28 Манделсло 11,31 1.202 106 Мардорф 22,48 1.909 85 Мариензе 9,52 1.064 112 Метел 10,08 516 51 Нојштат (самиот град) 38,46 18.583 483 Нидернштекен 9,09 533 59 Непке 12,09 639 53 Отернхаген 19,21 1.606 84 Погенхаген 5,15 2.326 452 Шарел 10,50 657 63 Шнерен 39,26 1.447 37 Штекендребер 6,55 338 52 Зуторф 7,89 1.083 137 Фесбек 7,75 394 51 Велце 5,05 242 48 Вулфеладе 7,10 407 57

Нојштат опфаќа и други помали населби, како што се Баумиле и Бруненборстел (припаѓаат на Ладерхолц), Динсторф (припаѓа на Бразе), Химелрајх (на Емпеде), Мекленхорст, Мордорф (на Погенхаген), Шарнхорст (на Басе) и Вармело (на Есперке).

Политика Градски совет

Градскиот совет на Нојштат на Рибенберге се состои од 40 членови. Ова е еднакво на предвидениот број за општина со број на жители од 40.001 и 50.000. Советот е избиран на општи локални избори на секои пет години. Моменталниот состав е избран на изборите одржани на 1 ноември 2016 година.

Покрај членови, право на глас има и градоначалникот

Избори SPD CDU Зелени FDP UWG BürgerForum Левица AfD Вкупно 11 септември 2016 г. 12 13 5 2 4 – 1 4 41 11 септември 2011 г. 15 13 8 1 2 1 1 – 41 10 септември 2006 г. 13 14 4 2 1 3 – – 37

Претседавач со Советот е Вилхелм Веземан (CDU).

Градоначалник

Од 1 ноември 2019 година, градоначалник е Доминик Хербст (Зелени).

Збратимени градови

Нојштат е збратимен со следниве градови:

Ла Ферте Масе, Франција

Освен тоа член е на меѓународната заедница „Нојштат во Европа“ со 37 члена од седум држави.

Познати луѓе

Фридрих Дедекинд (околу 1525–1598) — хуманист, теолог и писател Лудвиг Кристоф Хајнрих Хелти (1748–1776) — поет Герхард фон Шарнхорст (1755–1813) — пруски генерал Георг Грабенхорст (1899–1997) — писател Дениз Ајчичек (р. 1990) — фудбалер Себастијан Ернст (р. 1995) — фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хановер (регион)