Селиште II — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Ињево. Претставува средновековна црква и некропола. На 300 метри западно од селото се гледаат остатоци од ѕидови на еднокорабна црква, на кои западниот ѕид со влезот и јужниот ѕид се во височина од 3 до 4 метри. Апсидниот дел бил подоцна изѕидан. На внатрешната страна има траги од фрескоживопис. Југозападно од црквата е пронајдена некропола, делумно уништена.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 328, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Голема Тумба — тумул од железното време; Грамади — доцноантичка населба; Мала Тумба — тумул од железното време; Меѓите — доцноантичка населба и некропола; Селиште — населба од римското време; Ињево; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ињево