Чешме Маале — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Чешме Маале. Претставува средновековен сакрален објект и некропола. На границата на атарите на напуштените села Чешме Маале и Козбунар, северно од селото Калаузлија се наоѓаат грамади од камен и расфрлени грубо обработени плочи од средновековна некропола и сакрален објект.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 331, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Чешме Маале; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Чешме Маале