Лаз Азиз Ахмед-паша (; ; ? — Ерзурум, март 1819) — отомански државник од ласко потекло. Тој бил голем везир на Отоманското Царство од 1811 до 1812 година.

Животопис Во своите рани години, Ахмед-паша служел како јаничар и скоро потоа бил унапреден во капичибашија. Подоцна, бил назначен за управител на Браила. За време на руско-турската војна бил испратен во Ерзурум за да ја предводи отоманската војска. Благодарение на првите победи во војната, бил унапреден во голем везир. Меѓутоа, со потпишувањето на Договорот од Букурешт на 28 мај 1812 година, од страна на Хуршид Ахмед-паша бил обвинет дека бил неспособен и наскоро бил разрешен. На 5 септември 1812 година, Хуршид Ахмед-паша го зазел неговото место како голем везир. Во 1814 година, Лаз Ахмед-паша станал управител на Бурса, Алеп и Ерзурум. Починал во март 1819 година во Ерзурум.

Литература Buz, Ayhan (2009) "Osmanlı Sadrazamları", İstanbul: Neden Kitap, Danişmend, İsmail Hâmi (1971), Osmanlı Devlet Erkânı, İstanbul: Türkiye Yayınevi. Tektaş, Nazim (2002), Sadrâzamlar Osmanlı'da İkinci Adam Saltanatı, İstanbul: Çatı Yayınevi.

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 19 век Категорија:Паши Категорија:Починати во 1819 година