Леонардо Битенкурт (роден на 19 декември 1993) — германски фудбалер, на .
Животопис Битенкурт е роден во Лајпциг, Германија, и е син на Франклин Битенкурт, бразилски поранешен фудбалер кој играл во Германија за ФФБ Лајпциг и Енерги Котбус.
Кариера Почетоци и Енерги Котбус Битенкурт се приклучил на младинскиот сектор на Енерги Котбус во јули 1999 година, кога имал само 5 години. Оттогаш, тој ги минал сите младински категории во Котбус и потпишал договор со вториот тим во 2010 година.focus.de: Cottbus bindet U17-Spieler Bittencourt , 29 април 2010, пристапено на 31 мај 2020 Само една година подоцна, во март 2011 година, тој го направил своето деби со втората екипа на Енерги во поразот со 0-2 до ЗФК Мојзелвиц.kicker.de: ZFC Meuselwitz - Energie Cottbus II 2:0, 2 март 2011, пристапено на 31 мај 2020
По само уште два настапи со вториот тим, тој добил шанса да го направи својот прв професионален настап дебитирајќи за првиот тим на Енерги Котбус во победата со 3-1 на домашен терен против Дисбург во 2. Бундеслига на 16 април 2011 година; тој влегол во игра од клупата за резерви на местото на србинот Велимир Јовановиќ во 60-та минута од натпреварот.kicker.de: Petersen erzielt Doppelpack und bereitet vor, 16 април 2011, пристапено на 31 мај 2020
Откако во сезоната 2010-2011 направил само 3 настапи за првиот тим на Енерги Котбус, следната сезона Битенкурт бил стандарден првотимец во тимот. На 22 јули 2011, тој го постигнал својот прв гол за Котбус во победата со 1-2 на гостувањето кај Дисбург.kicker.de: Bittencourts Tor sichert die weiße Weste, 22 јули 2011, пристапено на 31 мај 2020 Добрите игри во неговата прва полусезона како професионалец му донеле трансфер во екипата на кој бил објавен на 1 декември 2011, но според договорот тој требало да остане во Котбус до крајот на сезоната 2011-2012.kicker.de: Vertrag bis 2016: BVB holt Bittencourt, 1 декември 2011, пристапено 31 мај 2020 Својата прва целосна сезона, ја завршил со 26 натпревари и постигнал 2 гола.
Борусија Дортмунд Во летото 2012, Битенкур и се приклучил на Борусија Дортмунд потпишувајќи договор до 30 јуни 2016 година и бил еден од четворицата новодојденци заедно со Марко Ројс, Јулијан Шибер и Оливер Кирх. Иако бил вклучен во составот на првиот тим, тој главно играл за вториот тим на Дортмунд во 3. лига под водството на тренерот Дејвид Вагнер. Своето деби за првиот тим на милионерите во Бундеслигата го имал во поразот со 1-2 на домашен терен во дербито против Шалке 04,kicker.de: Höger veredelt die Traumkombination, 20 октомври 2012, пристапено на 31 мај 2020 a потоа дебитирал и во Лигата на шампионите во натпреварот против Манчестер Сити во последното коло од групната фаза.kicker.de: Schieber krönt eine furiose Gruppenphase, 4 декември 2012, пристапено на 31 мај 2020 Својот прв гол за Борусија Дортмунд го постигнал на 16 март 2012, во победата со 5-1 на домашен терен против Фрајбург во лигата.
Хановер, Келн и Хофенхајм Откако во Дортмунд не нашол доволно простор за игра, завршувајќи ја сезоната 2012-2013 со само 7 настапи и 1 гол во сите натпреварувања, Битенкурт го напуштил клубот и потпишал четиригодишен договор со на 18 јуни 2013. На 4 август 2013, го направил своето деби со својот нов клуб, играјќи како стартер во победата со 2-0 против Викторија Хамбург во Купот на Германија; следната недела, на 10 август го одиграл својот прв натпревар за Хановер во Бундеслигата, против Волфсбург. Својот прв гол за 96-ките го постигнал на 14 декември во ремито 3-3 на домашен терен против Нирнберг.
По испаѓањето на Хановер од Бундеслигата во сезоната 2014-2015, на 13 јули 2015 Битенкурт потпишал четиригодишен договор со Келн. Тој бил стандарден првотимец на јарците во своите три сезони во клубот, помагајќи им да го освојат одличното петто место во сезоната 2016-2017 што бил нивен највисок пласман во лигата уште од сезоната 1991-1992. Сепак, следната сезона била многу послаба за Келн и завршила со нивно испаѓање од Првата Бундеслига, откако го заземале последното место во лигата. Вкупно за Келн, Битенкурт одиграл 76 натпревари и постигнал 12 гола.
Откако Келн испаднал, Битанкурт бил продаден во Хофенхајм за 6 милиони евра.https://www.swr.de/sport/fussball/bundesliga/1899-hoffenheim/Bundesliga-TSG-1899-Hoffenheim,bittencourt-102.html .SWR.de. Retrieved 1 July 2018 Во сезоната 2018-2019, тој одиграл 27 натпревари во сите натпреварувања и постигнал еден гол во победата со 1-4 на гостувањето кај во лигата.
Вердер Бремен На 2 септември 2019 година, Вердер Бремен го довел Битенкурт на заем до крајот на сезоната. Исто така било објавено дека договорот вклучува обврска Вердер Бремен да потпише траен договор со играчот по завршувањето на сезоната за сума од 7 милиони евра. Своето деби за Вердер го направил на 14 септември, играјќи како стартер во победата со 1-2 на гостувањето кај Унион Берлин.
Репрезентативна кариера Битенкурт ја претставувал Германија во две младински селекции: под 19 години и под 21 година.
За репрезентацијата под 21 година тој забележал 20 настапи и 3 гола во периодот 2013-2015 и учествувал со неа на Европското првенство под 21 година 2015 во Чешка.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 1 јуни 2020.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2010-2011 Енерги Котбус II РЛ 4 2 - - - - - - - - - 4 2 2010-2011 Енерги Котбус 2Б 3 0 КГ 0 0 - - - - - - 3 0 2011-2012 2Б 26 2 КГ 1 0 - - - - - - 27 2Вкупно Енерги Котбус 29 2 1 0 - - - - 302 2012-2013 Борусија Дортмунд II 3Л 12 1 КГ 0 0 - - - - - - 12 1 2012-2013 Борусија Дортмунд БЛ 5 1 КГ 1 0 ЛШ 1 0 СГ 0 0 7 1 2013-2014 БЛ 31 4 КГ 2 0 - - - - - - 33 4 2014-2015 БЛ 26 1 КГ 2 0 - - - - - - 28 1Вкупно Хановер 57 5 4 0 - - - - 61 5 2015-2016 Келн БЛ 29 3 КГ 1 0 - - - - - - 30 3 2016-2017 БЛ 16 3 КГ 2 0 - - - - - - 18 3 2017-2018 БЛ 22 5 КГ 2 1 ЛЕ 4 0 - - - 28 6Вкупно Келн 67 11 5 1 4 0 - - 76 12 2018-2019 Хофенхајм БЛ 21 1 КГ 2 0 ЛШ 3 0 - - - 26 1 авг. 2019 БЛ 1 0 КГ 0 0 - - - - - - 1 0Вкупно Хофенхајм 22 1 2 0 3 0 - - 27 1 2019-2020 БЛ 23 4 КГ 3 2 - - - - - - 26 6 2020-2021 БЛ 27 4 КГ 2 1 - - - - - - 29 5 2021-2022 2Б 22 2 КГ 0 0 - - - - - - 22 2 2022-2023 БЛ 25 3 КГ 2 1 - - - - - - 27 4 2023-2024 БЛ 29 1 КГ 1 0 - - - - - - 30 1 2024-2025 БЛ 27 2 КГ 4 0 - - - - - - 31 2 2025-2026 БЛ 1 0 КГ 1 0 - - - - - - 2 0Вкупно Вердер Бремен 159+1 16 13 4 - - - - 173 20Вкупно во кариерата 356 37 26 5 8 0 0 0 390 42
Наводи
Надворешни врски
Леонардо Битенкурт на soccerway Леонардо Битенкурт на transfermarkt Леонардо Битенкурт на espn Леонардо Битенкурт на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Хановер 96 Категорија:Фудбалери на ФК Келн Категорија:Фудбалери на Хофенхајм Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Германски фудбалери Категорија:Родени во 1993 година