Сеид Хасан-паша — османлиски државник, кој бил Голем везир на Отоманското Царство во периодот од 4 октомври 1742 до 10 август 1746 година, во времето на османлискиот султан Махмуд I.
Тој бил Турчин, со потекло од Токат, Турција. Бил регрутиран во јаничарскиот корпус во Истанбул. По неколкуте промоции, тој бил назначен за Ага на јаничарите, највисок ранг во армијата, во 1739 година. Истата година учествувал во Битката кај Гроцка, каде добил одликување како способен водач и борец. Три години подоцна, на 4 октомври 1742 година, тој бил назначен за голем везир. И покрај тоа што поминал речиси четири години во канцеларијата, тој не бил успешен во цивилната администрација и султанот на 10 август 1746 година го отпуштил од функцијата. Сепак, како што било случај за многумина поранешни големи везири, тој продолжил како гувернер во неколку различни делови на царството. Тој станал гувернер на островот Родос (сега во Грција), Чикел (модерна провинција Мерсин, Турција) и Дијарбакир. Починал во декември 1748 годинаAyhan Buz: Osmanlı Sdarazamları, Neden Kitap, İstanbul,2009, p.232.
Неговиот син, Сеид Абдула-паша, исто така, служел како голем везир еден мандат по него. Наводи
Категорија:Луѓе од Цариград Категорија:Јаничари Категорија:Паши Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 18 век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1748 година