Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Јабланица; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во селото Јабланица, Општина Струга. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Јабланица.

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Местоположба

мини|300п|лево|Поглед на училиштето

Објектот на училиштето се наоѓа на прекрасна местоположба во средишниот дел на селото Јабланица.

Историја

Училиштето постои од 1919 година, кога наставата се изведувала на српски јазик. Од 1944 година, основното училиште во селото ја изведува наставата на македонски јазик.

Организација

Во училиштето работат 23 наставници и осум членови на помошниот персонал во училиштето.

Во училиштето учат 81 ученик, распоредени во 15 паралелки.

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до деветто одделение, каде покрај учениците од селата каде што се наоѓаат самите подрачни училишта, се образуваат и други ученици од поблиските села. Овие училишта се: Подрачно основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Луково Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Нерези Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Пискупштина

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Јабланица Категорија:Јабланица (село) Категорија:Основни училишта во Македонија