Црквиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Подржи Коњ. Претставува средновековна црква и некропола. На 3 км западно од селото се наоѓаат остатоци од црква со мали димензии. При обработувањето на нивите мештаните откопале повеќе гробови и големи камени крстови. Наоѓалиштето и денес има доминанта местоположба и се смета за култно место.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 201, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Грамадица — населба од доцноантичко време; Китка — средновековна црква со некропола; Ретки Буки — средновековна рударска населба; Подржи Коњ; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи