Гробишта — археолошко наоѓалиште во штипското село Скандалци. Претставува доцносредновековна некропола. Помеѓу урнатините од напуштеното село и коритото на Брегалница има рамнина на која се гледаат остатоци од мала црква, градена од камен и кал со димензии од 7.70 × 4.10 м. Ѕидовите се зачувани во височина од 1 до 1.80 м и на внатрешната страна имаат малтер со траги од живопис. Околу црквата има некропола со гробови од кои некои се со монолитни камени плочи, а некои ѕидани во облик на саркофаг.
Поврзано Скандалци; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Скандалци