Логур — археолошко наоѓалиште во штипското село Шопур. Претставува средновековна некропола. На 2,5 км југоисточно од селото се гледаат гробови покриени со монолитни камени плочи, поставени во правец запад-исток. Според кажувањата на селаните, постоеле и темели од некаков објект, можеби црквичка.
Поврзано Ѕидини — средновековна населба; Мадемска Река — рудник од римското време; Манастириште — средновековна црква и некропола; Пилав Тепе — населба од неолитското време и градиште од римското време; Ширинка — средновековна некропола; Шопур; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Шопур