Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Штип; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Штип, Општина Штип.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Историја
Училиштето било изградено во 1966 година.
Најпрвин го носело името „Маршал Тито“, но непосредно по започнувањето со настава го добиле името „Јосип Броз Тито“. Потоа, било преименувано во „25 Мај“, за на крај да го добие денешното име.
При започнувањето со работа на училиштето, овде биле префрлени ученици и наставници од „Тошо Арсов“ и „Моша Пијаде“.
Претходно, училиштето имало подрачно училиште во село Брест.
Директори Ѓорги Зигов (1966-1971) в.д. Александар Петров (1971-1972) Војслава Кадифкова (1972-1976) Борислав Дрмов (1977-1983) в.д. Михаил Протогеров (1982-1983) Вангел Христовски (1983-1991) в.д. Андре Берков (1991-1993) Вангел Христовски (1993-2002) в.д. Трајко Манев (2002-2003) в.д. Милан Васиќ (2003) Донче Стојанов (2003-2009) Васил Николов (2009-2014) Елена Ташкова (2014-2018) Трајче Димов (2018-2022) Зоран Митев (2022-денес)
Настава Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.
Училиштето во моментот има 39 паралелки и 1 комбинирана паралелка во селото Шашаварлија.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Гоце Делчев“ - Три Чешми, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Гоце Делчев“ - Шашаварлија, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Штип Категорија:Основни училишта во Штип Штип Категорија:Основни училишта во Македонија