Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Езерани; скратено: ПООУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Езерани, составен дел на истоименото училиште од селото Царев Двор, Општина Ресен.

Училиштето е именувано по македонските книжевници Браќа Миладиновци.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Езерани, на самото сретсело.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Ресен Езерани Категорија:Езерани