Зимска светлина (шведски: Nattvardsgästerna) е шведски филм од 1963 година, во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги во филмот ги играат: Гунар Бјернстранд, Ингрид Тулин, Макс фон Сидов итн. Cast
Содржина Томас (го игра Бјернстранд) е свештеник во едно мало место. Во него е вљубена учителката Марта (ја игра Тулин), која упорно му ја изјавува својата љубов и го наговара да се ожени со неа, но тој никако не може да ја преболи својата умрена жена. Уште повеќе, по нејзината смрт, тој чувствува дека во него слабее верата во бога. Поради тоа, тој не може да му даде никаков совет на Јонас Персон (го игра фон Сидов) кој е западнат во депресија и кој подоцна извршува самоубиство.IMDb, Winter Light (1963) (пристапено на 10.6.2020)
Наводи
Категорија:Филмови од 1963 година Категорија:Шведски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на шведски јазик Категорија:Филмови со Ингрид Тулин Категорија:Филмови со Макс фон Сидов Категорија:Филмови на Ингмар Бергман Категорија:Филмови со Гунар Бјернстранд Категорија:Филмови за свештеници Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Шведска