Вулканот Тенорио () - неактивен андезитски стратовулкан во северозападна Костарика. Тој е главната географска одлика на истоимениот Национален парк Вулкан Тенорио.
Топонимија Името потекнува од хоротешката легенда за Ескамека и Тенори. Името во неговиот сегашен облика за прв пат се споменува во документот од 1744 година, понатаму во 1745 година од историчарот Леон Фернандес Бониља.
Физички аспекти Составена е од четири вулкански врвови и два кратери-близнаци, еден од кратерите понекогаш се нарекува вулкан Монтезума. Географската творба зафаќа површина од 225 км2. Во најниските области има савана, дождовна шума во средните области и облачна шума на врвот.
Реките Тенорио, Тенорито и Мартирио имаат свој извор во овој вулкан.
Поврзано Список на вулкани во Костарика
Наводи
Категорија:Планини во Костарика Категорија:Координати на Википодатоците