Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род (, [Ḳitsur toldot ha-enoshut]) – книга од Јувал Ноа Харари, првично издадена на хебрејски во Израел во 2011Harari, Yuval Noah; Vintage (2014). Sapiens: A Brief History of Humankind. . врз основа на низата предавања кои Харари ги држел на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, на англиски во 2014 и на македонски јазик во 2018 година. Книгата дава преглед на историјата на човештвото од еволуцијата на архаичните човечки видови во каменото време, до дваесет и првиот век, фокусирајќи се на Хомо сапиенс. Објаснувањата се во рамки на природните науки, особено еволутивната биологија.

Содржина Пред 100 000 години најмалку шест човечки вида живееле на Земјата. Денес има само еден. Ние. Хомо сапиенс. Како се случило нашиот вид да преовладее во Битката за доминација? Како нашите предци, собирачи и ловци, се соединиле и создале градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови, нации и човекови права; да им веруваме на парите, книгите и законите; да бидеме заробеници на бирократијата, временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?

Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.

Структура Книгата е поделена во 4 дела: Когнитивна револуција Аграрна револуција Обединување на човештвото Научна револуција

Наводи

Надворешни врски

Yuval Harari interviewed by Alan Philps about his book, The World Today, September 2015, Volume 71, Number 5. Bill Gates. How Did Humans Get Smart?, Gates Notes, May 17, 2016. Dirk Lindebaum. Sapiens: A brief history of humankind (Book Review), Management Learning, 46 (5) 2015, pp. 636–638. DOI: 10.1177/1350507615602981

Категорија:Книги од 2011 година Категорија:Дела на Јувал Ноа Харари Категорија:Антрополошки книги