'' Вилијам Тонг ( или , р. година во Хартфорд, Конектикат, САД) е 25тиот јавен обвинител на Конектикат. На оваа позиција дојде на 9. јануари 2019 година како прв Американец со азиско-тихоокеанско потекло во улога на јавен обвинител или избран уставен извршител во Конектикат.
Претходно, Тонг служеше 12 години како државен пратеник во конектикатскиот Дом на претставници, претставувајќи ја 147мата област—најголемата во Стамфорд, која ги вклучува Северен Стамфорд, Спрингдејл, Вестовер и западниот дел на Дариен. Меѓу 2015 и 2019 година, Тонг беше претседател на Комисијата за правни работи при Домот. Во таа улога, тој беше задолжен за сите прашања поврзани со конектикатскиот правен систем, вклучувајќи ги сите закони поврзани со уставно право, кривично право, човекови права, заштита на потрошувачите, наследство, правни номинации, судската власт и големи области на имотното право. Пред да биде поставен за претседател на Комисијата за правни прашања, Тонг меѓу 2011 и 2015 година беше претседател на Комисијата за банкарство при претставничкиот дом.
Кога беше избран како пратеник во 2006 година, Тонг беше прв Американец со азиско-тихоокеанско потекло избран како претставник на народот во конектикатската историја. Тој е прв кинески Американец кој е избран за јавен обвинител на државно ниво во американската историја.
Во 2008 година, Тонг беше првиот конектикатски пратеник кој ја поддржа кампањата на тогашниот сенатор Барак Обама за претседател. Обама му беше професор по уставно право на Тонг на Правната Школа при Чикашкиот универзитет.
Наводи
Категорија:Американци Категорија:Американци со кинеско потекло Категорија:Американци со тајванско потекло Категорија:Демократи Категорија:Американски политичари Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет Категорија:Пратеници во конектикатскиот Дом на претставници Категорија:Јавни обвинители на Конектикат Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Хартфорд (Конектикат)