„Човекот кој спие“ (француски: Un homme qui dort) — француско-туниски филм од 1974 година, во режија на Бернар Кесан и Жорж Перек, кој е автор и на сценариото, засновано врз неговиот роман. Главната улога ја игра Жак Списер, а раскажувач во филмот е Лудмила Микаел.

Синопсис 25-годишен студент од Париз (го игра Списер) станува рамнодушен кон светот околу него и постепено запаѓа во отуѓеност и безнадежност.IMDb, The Man Who Sleeps (1974) (пристапено на 25.6.2020) Тој го минува времето затворен во својата соба или бесцелно шетајќи по улиците... Во текот на филмот, тој воопшто не зборува, а за тоа време женски глас (гласот на Микаел) раскажува за неговата состојба, мисли и чувства...

Наводи

Категорија:Француски филмови Категорија:Туниски филмови Категорија:Филмови од 1974 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на Бернар Кесан Категорија:Филмови на Жорж Перек Категорија:Филмови со Жак Списер Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз