Милински Дол — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Мамутчево. Претставува населба од римско време. Сместена е на 3 км источно од селото, на блага падина која зафаќа површина од околу 1,5 ха.

На местото се најдени фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и многу градежен материјал. Откриени се и водоводни цевки (тубулуси). Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 79, ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи