десно|мини|Парче аерогел во дланка. Аерогелот е синтетички, порозен, ултралесен материјал изведен од гел во кој течната состојка на гелот е целосно заменета со гас. Тој претставува цврсто тело со многу ниска густина и мала топлинска спроводливост. Уште е познат и како замрзнат чад, цврст чад, цврст воздух, цврст облак или син чад, поради полупроѕирната призрачна природа и начинот на кој светлината се расејува во материјалот. Силициумскиот аерогелови на допир е како нежен стиропор, додека полимерските аерогелови повеќе изгледаат на цврста пена. Аерогеловите може да се направат од многу различни соединенија.

Првиот аерогел бил создаден во 1931 година од Семјуел Стивенс Кистлер, како резултат на кладба со Чарлс Лернед за тоа кој ќе успее да ја замени течноста во желе со гас без да предизвика собирање.

Аерогеловите се произведуваат со екстрактирање на течната состојка од гелот преку суперкритично сушење. Овој процес дозволува течноста да се исуши бавно и не дозволува матрицата на цврстиот материјал да се распадне поради капиларни појави, како што е случајот при обично испарување. Првите аерогелови се произведувале од силикагелови. Кистлер развил методика која ја употребил да призведе аерогелови од алуминиум оксид, хром (III) оксид и калај диоксид. Јаглеродните аерогелови за првпат биле развиени во доцните 1980-ти.

Аерогел не е единствен материјал со дадена хемиска формула. Напротив, поимот се користи за група материјали со дадена геометриска структура.

Наводи

Категорија:Материјали Категорија:Нови технологии