Глатирамер ацетат е имуномодулаторен лек кој се користи во третманот на мултипла склероза. Глатирамер ацетат е одобрен во САД за намалување на честотата на релапси, но не ја намалува прогресијата на дисабилитетот. Се администрира субкутано.

Претставува мешавина на пептиди со различна големина кои се составени од четири аминокиселини кои се присутни во миелинската базична белковина, имено глутаминска киселина, лизин, аланин и тирозин. Миелинскиот базичен белковина е антиген во миелинската обвивка на невроните кој стимулира автоимуна реакција кај луѓето со МС.

Наводи

Категорија:Имуномодулаторни лекови Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација