Нимбостратус ( — дождовит и stratus — слој) или слоевитодождовен облак – вид повеќеслојни, сиви, често темни, аморфни, скоро униформни облаци кои вообичаено даваат постојани врнежи од дожд, снег или шушлек.Cloud in the Columbia Electronic EncyclopediaNimbostratus in the American Heritage DictionaryNimbostratus in the Oxford Dictionaries Online Се нарекуваат и дождовнослојни. Се создаваат при мешање на воздушни фронтови. Се состојат од темносини слоеви заситени со водени капки и се со аморфен облик. Достигнуваат големи вертикални размери, дури и до 5.500 метри, а во хоризонтала може да се простираат и на потез од по неколку илјади километри. Се развиваат на висина од 100—3.000 метри.

Поврзано Кумулонимбус

Наводи

Надворешни врски

Меѓународен атлас на облаците - нимбостратус

Категорија:Метеорологија Категорија:Облаци Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Видови облаци Категорија:Стратус