Сирма Војвотка — македонска епска народна песна, посветена на вистински историски лик - Сирма војвода.

Содржина Група од 70 ајдуци треба да избере водач, а меѓу нив се наоѓа и една девојка - Сирма. Таа предлага да стават прстен на една бука и сите се обидуваат да го погодат со пушките, но само Сирма го погаѓа. Потоа, сите ајдуци фрлаат камен, а Сирма успева да го фрли каменот десет чекори подалеку од останатите. Оттука, ајдуците сложно ја избираат Сирма за војвода.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 78. Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 112.

Наводи

Категорија:Македонски ајдучки песни