Корејските Американци ( или , со ханџа писмото:, Hangukgye-Migukin) се Американци со корејско потекло. Нивните предци се претежно од Јужна Кореја, но малцинство потекнуваат од Северна Кореја, Кина, Јапонија или од пост-советските републики. Корејско-американската заедница сочинува 0,6% од популацијата на САД или околу 1,8 милиони луѓе. Таа е петтата најголема група на Азиски Американци по заедниците на кинеските Американци, филипинските Американци, индиските Американци и виетнамските Американци. САД се дом на најголемата корејска дијаспора во светот.

Наводи

Категорија:Американци со корејско потекло Категорија:Азиски Американци Категорија:Корејска дијаспора