Бревчина — археолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува населба од римско време.

Местоположба

Се наоѓа на 1 километар југозападно од селото, во нива на мештанинот Т. Тодор, како и во другите околни ниви што лежат покрај патот за селото Шилево.

Опис

На наоѓалиштето се откриени темели од ѕидови ѕидани од камен и кал и голем број фрагменти од тегули и имбрекси. Исто така има и фрагменти од керамички садови.

Поврзано Заград — населба од железното време; Кабања — населба од римското време; Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време; Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време; Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време; Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време; Маркови Кули — средновековна тврдина; Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време; Падарница — некропола од римското време; Под Кули — некропола од хеленистичкото време; Попадин Дол — некропола од железното време; Св. Атанас — осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола; Св. Варвара — средновековна црква; Св. Врач — средновековна црква; Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Св. Ѓорѓија — средновековна црква; Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Петар — осамен наод од римското време; Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква; Светец — некропола од бронзеното време; Сивастоец — средновековна некропола; Слон — населба од бронзеното време; Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба; Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Црква 14 — средновековна црква; Црква 15 — средновековна црква; Црква 16 — средновековна црква и некропола; Бањиште — праисториска населба и античка бања; Бегова Нива — некропола од железното време; Куќа на Цилкоски — гроб од железното време; Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век; Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште; Песјобрдце — доцноантичка населба; Роклејца — доцноантичка населба; Варош; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Варош