Основно училиште „7 Март“ (во минатото: Основно училиште „Единство“; официјално: Подрачно основно општинско училиште „7 Март“ - Долна Белица; скратено: ПООУ „7 Март“) — подрачно основно училиште во струшкото село Долна Белица, во состав на основното училиште „Единство“ од селото Октиси, Општина Струга.
Денес, училиштето е именувано по денот на албанските наставници 7 Март, додека во минатото било именувано по југословенското мото братство и единство.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Долна Белица.
Именување
лево|мини|186x186пкс|Влезот во училиштето
Училиштето во минатото го носело истото име како и централното училиште во селото Октиси, односно било именувано како ОУ „Единство“ - Долна Белица.
Објект
Објектот на училиштето е во лоша состојба, без санитарни јазли, вода, загревање и други проблеми.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Категорија:Долна Белица Категорија:Училишта посветени на 7 Март