Бакла (Vicia faba) – градинарско растение со бели цветови и плод од зрна покрупни од грав. Таа е едногодишно растение од фамилијата бобови (Fabaceae), со крупно семе кое се користи во исхраната како и гравот. Позната е и како фава грав.
Опис Баклата е едногодишно растение со неразгранети, шупливи, четвртести исправени стебла, висока до 1 м. Листовите се меснати, синкавозелени со лисната дршка која продолжува во зашилен врв на кој има 2–3 пара седечки јајчести ливчиња. Залисците се крупни и срцести. Соцветијата се состојат од 2 до 4 крупни пеперужести бели и миризливи цвета. Мешунките во почетокот се исправени, а подоцна висечки. Попречниот пресек им е кружен, долги се од 8 до 12 см и околу 1–2 см широки. Младите се зелени и зелјести, а зрелите темномрки, кожести. Внатре мешунката е преградена со попречни ѕидови, содржи 2–5 грашести семки големи до 3 см.
Живеалиште Баклата е редок посев кој се одгледува на влажни места, на богато земјиште. Се сее во втората половина на март. Се бере кога повеќето мешунки се созреани - поцрнат.
Распространетост Преко 100 вида бакла се одгледуваат Стариот Свет. Во Северна Америка и во Канада, баклата релативно малку се одгледува.
Употреба Баклата се користи како зеленчук. Во исхраната се користат млади мешунки или семе, богати со хранливи материи. 100 грама зрело сирово семе содржи 25 грама белковини, јаглехидрати, влакна и минерали.
Историја Оваа мешунка била одгледувана уште во доцниот неолит, веројатно прво во Алжир или во југозападна Азија, подоцна, во железното врем веќе била раширена ширум Европа. Баклата била една од најважните намирници на средоземните цивилизации, особено кај Старите Грци и Римјани. Пред гравот да биде донесен од Америка во Европа, (пред XVI, XVII век) вариваta (слични на оние кои денес се прават од грав), биле подготвувани од бакла. Денес баклата најмногу се одгледува во Кина и Етиопија.
Здравствен аспект Поленот и сировото семе од бакла содржат алкалоиди (вицин) кои може да предизвикаат хемолитичка анемија кај лицата кои имаат наследно нарушување на метаболизмот на еритроцита – недостаток на ензимот гликозо - 6 фосфат дехидрогеназ. Оваа состојба е позната како фавизам и често се јавува во подрачја зафатени од маларија. Хемолизата на еритроцити индуцирани од фавизам делува неповолно на развојот на предизвикувачот на маларија Plasmodium falcipacrum, па во извесна смисла претставува заштита од оваа болест.
Баклата е богата со аминокиселина Л-доп, која е претходник на допаминот, па им се препорачува на оболените од Паркинсоновата болест, бидејќи нивниот организам слабо произведува допамин.
Галерија
Наводи
Надворешни врски здрава храна сокобањско грне - пихтије од боба
Категорија:Зеленчук Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија