Јанински Санџак () — санџак кој припаѓал на Румелискиот Пашалак во рамките на Отоманското Царство, а со реформите во 19 век, на Јанинскиот Пашалак. Градот Јанина (во денешна Грција) бил административен центар на санџакот.

Администрација

Санџакот се состоел од следниве кази: централната каза Јанина, Ајдонат, Филат, Мегва, (сите во денешна Грција), Лесовик, Конице, Погон и Пермеди (сите во денешна Албанија).

Од 1430 до 1670 година санџакот бил дел од Румелија. Од 1670 до 1787 година, санџакот бил дел од Јанинскиот Пашалак. Во 1788 година Али-паша ја стекнал контролата врз Јанина и го споил со Трикалскиот Санџак. Али-паша бил убиен во 1822 година. Во 1834 година, Махмуд Хамди-паша бил назначен да управува со Делвинскиот, Јанинскиот и Белградскиот Санџак. Во 1867 година, санџакот бил споен со Белград, Ѓирокастро, Превеза и Касторија во рамките на Јанинскиот Пашалак.

За време на владеењето на Бајазит II (1481-1512), санџак-бег на Јанина бил Давуд Паша-Зиде Мустафа-бег.

Областа беше окупирана од грчките трупи за време на Првата балканска војна, и била вклучена во составот на Грција на мировната конференција во Лондон во 1913 година.

Наводи

Извори

Категорија:Санџаци на Отоманското Царство во Европа Категорија:Отоманска Грција Категорија:Отоманска Албанија Категорија:Јанина Категорија:Држави и територии распаднати во 1913 година