Изведување пенали претставува еден од трите методи одобрени од ИФАБ за утврдување на победник во фудбалски натпревар кој завршил нерешено.Другите два методи се правилото за гол во гости и продолженија. Овој метод е застапен само за време на нокаут турнири, во кои едната од двете екипи нужно мора да преовлада над другата за да ја мине рундата.
Чинот на изведување на пенали се регулира различно од обичното изведување на пенал, што, наместо тоа, е дел од нормалниот тек на еден натпревар. Изведувањето пенали е регулирано под „Постапки за утврдување на победнички тим на натпревар“ од страна на фудбалските правила.
Правила
Како што е веќе наведено, изведувањето пенали се користат (скоро исклучиво) во нокаут натпреварите во случај на нерешен резултат: нивното изведување може да следи по продолженија или веднаш по завршувањето на регуларното време од натпреварот (како што се случува, на пример, во Копа Либертадорес од 2005 година). На крајот на 1980-тите, некои првенства во Европа (вклучувајќи ги и првите лиги во Унгарија, Југославија и Норвешка) и аргентинското првенство (во сезона 1988-1989) вклучувале изведување пенали за натпреварите што завршиле нерешено: два бода биле доделени на победничката екипа, а еден на поразениот тим. Експериментот, сепак, наскоро бил напуштена; истата судбина имало и воведувањето на експериментот во МЛС, САД.
За време на изведувањето на пеналите, сите играчи, со исклучок на изведувачот и голманот, мора да останат во кругот на среднината од теренот; голманот кој е тимски колега на изведувачот е позициониран на линијата од шеснаесеттникот, во близина на помошниот судија.
Самата регулатива прецизира дека „пеналите не се дел од натпреварот“ и затоа головите постигнати во оваа серија вообичаено не се додаваат на оние на конечниот резултат на натпреварот, туку се наведени одделно ниту се додаваат во личната статистика на играчите.
Натпреварот одлучен по изведување на пенали се смета за завршен нерешено. Во некои натпреварувања (не признати од УЕФА и ФИФА головите што ги постигнал победничкиот тим на пенали се зголемуваат за еден, без оглед на бројот на изведени пенали; овој начин бил присутен во МЛС.
Поврзано Златен гол Сребрен гол Продолженија
Наводи
Надворешни врски Penalty Shoot-out Trivia — RSSSF
Категорија:Фудбалски правила Категорија:Фудбалска терминологија