Пешула - градиште од доцноантичкото време. На 1 километар северно од селото Добрево има висок рид што се издига од левата страна на Добревски Дол. На неговиот врв кој е зарамнето плато со простор од 100 × 1000 м зачувани се делови од темели на бедем граден од кршен камен и варов малтер. Во просторот на некогашната тврдина се среќаваат фрагменти од керамика, садови, питоси, покривни ќерамиди - тибули а биле пронајдени и монети од VI век н.е.

Поврзано Добрево; Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско;

Наводи