Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (во минатото: Основно училиште „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“; службено: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Долно Количани; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“) — централно основно училиште во скопското село Долно Количани, Општина Студеничани.
Денес, училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, додека во минатото училиштето го носело името на истакнатиот македонски просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Историја
Училиштето било основано во 1933 година под името „Јордан Константинов Џинот“. Во 2006 година било променето името во „Мустафа Кемал Ататурк“.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Вртекица, подрачно училиште; и ПУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Горно Количани, подрачно училиште.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Студеничани Категорија:Училишта посветени на Мустафа Кемал Ататурк Категорија:Долно Количани Категорија:Основни училишта во Македонија