Труење со етилен гликол е труење предизвикано од внес на етилен гликол. Раните симптоми вклучуваат интоксикација, повраќање и абдоминална болка. Покасни симптоми се намалено ниво на свест, главоболка, и напади. Долгорочни ефекти се бубрежна слабост и оштетување на мозокот. Токсичност и смрт може да настанат и после внес на мала количина.

Етилен гликол е безбојна течност, без мирис, со сладок вкус, често присутна во антифризот. Може да биде испиена случајно или намерно во обид за самоубиство. Во организмот се разложува на гликолна и оксална киселина кои се причинители на токсичноста. Дијагнозата може да биде потврдена со мерење на нивото на етилен гликол во крвта; меѓутоа во многу болници не постои можност за изведување на овој тест.

Рано започнување со третман ги зголемува шансите за добар исход. Третманот вклучува стабилизирање на лицето, проследено со примена на антидот. Претпочитан антидот е фомепизол; а доколку не е достапен се користи етанол. Други третмани вклучуваат натриум бикарбонат, тиамин и магнезиум.

Секоја година се случуваат повеќе од 5000 случаи на труење со етилен гликол во САД. Пациентите често се возрасни мажи. Смртни случаи предизвикани од етилен гликол се пријавувани уште од 1930.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Токсикологија