Смртта на Марко Крале (српски: Смрт Марка Краљевиһа) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од познатиот српски пејач на народни песни, Филип Вишњиќ.В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 489.
Содржина Рано наутро, Крале Марко шета крај морето по планината Урвина, а Шарец се уморува и почнува да рони солзи. Тогаш, една самовила му кажува на Марко дека набргу ќе здогледа две елки и меѓу нив бунар, во бунарот ќе го види своето лице и ќе умре. Навистина се случува како што кажала самовилата и Марко сфаќа дека ќе умре. Затоа, за да не падне во рацете на Турците, тој го убива Шарец и го закопува, ги крши сабјата и копјето, боздоганот го фрла во морето, а потоа пишува писмо во кое наведува дека има три торби со богатство кои треба да се поделат на следниов начин: едниот дел да му се даде на оној кој ќе му го закопа телото, другиот дел го подарува на црквата, а третиот дел им го остава на сакатите и слепите. Потоа, Марко легнува крај бунарот и умира. Така, тој лежи една недела, а минувачите мислат дека спие и немаат храброст да го пробудат. Тогаш, крај бунарот поминува калуѓерот Васо од светогорскиот манастир Хиландар, заедно со својот ученик Исаија. Калуѓерот го забележува писмото што го оставил Марко и дознава дека е мртов, го зема неговото богатство, а телото му го закопува во црквата во Хиландар при што не остава никаков знак на гробот за никој да не му се одмаздува на мртвото тело на Марко.Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 229-233.
Наводи
Категорија:Песни за Крале Марко Категорија:Српски епски песни