Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Дабиље; скратено: ООУ „Св. Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во струмичкото село Дабиље, Општина Струмица.
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Местоположба
Училиштето се наоѓа на почетокот на селото Дабиље од насока на градот Струмица, во непосредна близина на државниот пат А4.
Историја
Училиштето започнало со работа во декември 1944 година во стара училишна зграда, додека новата училишна зграда била изградена во 1948 година.
Настава
Наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 9 паралелки.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Струмица Категорија:Дабиље Дабиље Категорија:Основни училишта во Македонија