Прибен — археолошко наоѓалиште во виничкото село Трсино. Претставува доцноантичка населба. Во непосредната близина на Витински маала, оддалечени на 5 км од селото, на простор од 200 × 100 м се забележуваат остатоци од градежен материјал од градби (покривни ќерамиди, тули). Било најдено и поголемо депо на монети кои не се зачувани.

Поврзано Дебоки Дол — доцноантичка населба; Манастирски Дол — доцноантичка населба; Трсино — населба и некропола - могили од римското време; Црквиште — средновековна црква; Трсино; Список на археолошки наоѓалишта во Виничко.

Наводи