Ѓунер Исмаил (роден на година во Битола) — македонски политичар, издавач, публицист, општественик од турска народност.
Животопис
Завршил Филозофски факултет во Скопје. Со пишување почнал во студентските денови, со театарски рецензии за МОТ и Фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Првите публицистички трудови ги објавил во весникот „Комунист”, а кон крајот на осумдесеттите години соработувал и во „Млад борец”. Во наредната деценија е колумнист во „Дневник”. Заедно со Сашо Ордановски е основач и сопственик на магазинот „Форум”, подоцна „Форум плус”, каде што од првиот број (30 декември 1997) е колумнист. Пишува и за списанија од областа на политиката и општествените науки. Бил министер за култура во периодот од 5 септември 1992 до 20 декември 1994 и портпарол на Владата на Македонија.
Филмографија Пред дождот - 1994 Прашина - 2001 Наше маало - 2002 Контакт - 2005 Збогум Румелија - 2007 Балканска приспивна песна - 2022
Наводи
Категорија:Политичари од Битола Категорија:Министри за култура на Република Македонија Категорија:Соработници на Службата за државна безбедност Категорија:Македонски Турци Категорија:Југословенски Турци Категорија:Македонски колумнисти Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје