Дончо Методиев Донев (, ) – македонски лекар, специјалист по социјална медицина, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис Медицинските студии ги завршил во Скопје (1973), специјалистички испит по социјална медицина (1981) и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1993). Бил на усовршување во Атланта, САД (1993-1994, Хјуберт Хамфри програма), а потоа ја основал Македонско-американската алумни асоцијација во Скопје (2000). Основач е на Катедрата за социјална медицина (1994) и на Институтот за социјална медицина (1997). Во 2005 година, тој бил именуван за национален соработник на СЗО за спречување и контрола на незаразните болести. Објавил 140 стручно-научни трудови и соработувал во 15 домашни и меѓународни стручни публикации.
Наводи
Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски лекари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“