Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Охрид; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Охрид, Општина Охрид.

Местоположба

Се наоѓа во старото јадро на градот Охрид, на ридот Дебој.

Историја

Училиштата зграда била градена и завршена во 1979 година. За изградбата на училиштето, Павел Балабанов ја добил престижната Награда „Борба“ во 1980 година, за најдобро архитектонско остварување во Југославија, како и републичката Награда за најуспешно архитектонско остварување. Проектот на училишната зграда бил публикуван во огромен број на списанија и весници.

Архитектура на училишната зграда

Обликувањето на градбата е павилјонски и разумно, со расчленети волумени кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Фасадната обработка е од фасадна црвена цигла со малтерисана структура. За покрив, архитектот Балабанов го одбрал лимот, покривка која му дава друг однос и пристап со околината со претежно покривни од ќерамиди.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Охрид Категорија:Основни училишта во Охрид Охрид Категорија:Основни училишта во Македонија