Владимир Куртев (Плевен, 19 октомври 1888 — Софија, 7 јуни 1946) — револуционер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење. Деец на Македонската револуционерна организација и подоцна Внатрешната македонска револуционерна организација, близок соработник со Иван Михајлов. Според бугарската историографија, тој имал учество во спасувањето на Евреите од фашистичката бугарска депортација.
Животопис Завршил историја и географија на Софискиот универзитет. Како ученик станал член на ВМОРО (1905), четник во четата на тиквешкиот војвода Д. Даскалов (1907), учествувал и во Битката кај „Ножот”. По Првата светска војна бил професор и директор на гимназијата во Ќустендил, претседател на друштвото „Илинден”, близок соработник на Иван Михајлов, пунктов началник на ВМРО во Ќустендил (1926), резервен член (1928) и член на ЦК на ВМРО (1932). Во 1946 бил уапсен од властите и стрелан.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Луѓе од Плевен Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Починати во Софија Категорија:Родени во 1888 година Категорија:Починати во 1946 година Категорија:Македонски револуционери