Петар Јованов Бојаџиевски (, ) – македонски офталмолог.
Животопис Медицина завршил во Скопје (1964), специјализирал офталмологија (1974) и работел како офталмолог на Очното одделение во Битола. Примариус станал во 1984 година, а докторирал во Нови Сад (1989).
Трудови и книги Автор е на повеќе од 80 стручни трудови и на книгите: „Здравството во Битола низ вековите” (1992), „Здравството во Битола 1944–2004” (2006), „Здравствено-социјалната политика на странските пропаганди во Битола” (2003) и соавтор на учебникот „Одбрани поглавја од офталмологијата” (1996).
Наводи
Категорија:Македонски лекари Категорија:Офталмолози