Тиберије Киријас (роден во година во село Трново - починал во година во ) — македонски научен работник од областа на сеизмологијата.
Животопис
Киријас дипломирал на Техничкиот факултет во Белград во 1934 година. Од мај 1963 година, тој станал вонреден професор на Техничкиот факултет во Скопје, кога бил избран и за декан на овој факултет. Од 1965 година, тој станал директор на Институтот за сеизмологија, земјотресно инженерство и урбанистичко планирање на Универзитетот во Скопје.
Бил член на Сојузниот совет за координација на научните дејности, потпретседател на Управниот одбор на Сојузот на југословенските лаборатории, претседател на Советот за урбанизам на Градското собрание на Скопје. Бил претседател на Научниот совет при ИЗИИС. Има објавено голем број научни трудови од разни области: сеизмичко реонирање и микрореонирање; сеизмички ризик; економски истражувања и планирање во сеизмички подрачја; изработка и усовршување на техничка регулатива, стандарди и упатства за планирање, проектирање и градење во сеизмички подрачја; ис-тражување на ефектите на дејството на силни земјотреси и методи за санација и обнова.
Наводи
Категорија:Луѓе од Трново (Битолско) Категорија:Македонски сеизмолози Категорија:Југословенски сеизмолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори