Бранко Костовски (роден на година во - починал на година во ) — македонски сликар и сценограф, особено значаен за осовременување на сценографскиот јазик.Автор е на повеќе од 150 сценографии и е еден од најистакнатите македонски сценографи .

Животопис

Бранко Костовски учествувал во НОБ. Извесен период студирал на Академијата за применета уметност во Белград (1949). Од 1952 г. работел на сценографијата во МНТ, а паралелно се занимавал и со сликарство. Најзабележителни се неговите сценографии за драма (Вител, 1968; Црнила, 1971; Отепвачка, 1976), опера (Аида, 1982) и балет (Охридска легенда, 1969). Настапувал и на филм, во низа радиодрамски и ТВ програми, емисии од областа на поезијата и др.

Настапил во филмовите: „Мис Стон”, „Солунски атентатори”, „Македонска крвава свадба”, „Истрел”, „Јад” .

Награди Награда 11 Октомври за сценографско решение на претставите Живиот труп и Богунемили (1971); Награда на Сојузот на ликовните уметници за применета уметност на Третото меѓународно биенале за театарска сценографија и костимографија (Нови Сад,1972); Стериина награда и Златна значка на Фестивалот Стериино позорје за сценографија на претставата Ѕидот, водата (Нови Сад, 1974); Бронзена плакета на Петтото меѓународно триенале за театарска сценографија и костимографија (Нови Сад, 1978); Награда за најдобро сценографско решение на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински за сценографија на претставата Бркотница (Прилеп, 1981); Награда на ДЛУПУМ за творечка активност и афирмација на театарската сценографија.

Наводи

Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски сценографи Категорија:Македонски филмски глумци