Душан Хаџи (, - , ) – словенечки универзитетски професор и хемичар.

Животопис Хаџи дипломирал во Љубљана, на смерот хемија со физика во 1944 година. Во 1953 година, тој станал доцент по физичка органска хемија на Одделот за хемија на Универзитетот во Љубљана, а редовен професор по Структурна хемија станал во 1962 година. Со негова помош, во Скопје бил набавен првиот инфрацрвен спектрофотометар, со што во Македонија била започната успешната активност на полето на молекулската спектроскопија. Хаџи бил еден од најпознатите светски истражувачи на проблемите во врска со водородното сврзување, а извонредни придонеси имал и во квантната фармакологија и истражувањата на биолошки важни системи. Бил пионер во Југославија на примената на сметачите во хемијата. Во 1967 година бил избран за член на Словенечката академија на науките и уметностите, во 1975 надворешен член на Српската академија на науките и уметностите, во 1977 на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб и на Индиската национална академија на науките во 1979 година. Во 1982 година станал почесен доктор на науките на Универзитетот во Упсала. Бил научен советник на фабриката „Лек“ (1981). Во 1998 година, тој станал почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2006 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав.

Бил прогласен за почесен претседател на Словенечкото хемиско друштво, а добил и многу високи награди и признанија.

Творештво Бил автор на четири монографии, шест поглавја во монографии, како и на над 280 научни трудови.

Наводи

Категорија:Професори на УКИМ Категорија:Словенечки хемичари Категорија:Словенечки универзитетски професори Категорија:Словенечки академици Категорија:Југословенски хемичари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски академици Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Академици на САНУ Категорија:Академици на САЗУ Категорија:Академици на ЈАЗУ