мини|Гајдаџија со префрлено брчало преку рамо

Брчало – бордунска цевка, еден од аерофоничните музички елементи на гајдата.

Брчалото на гајдата ѝ дава една особеност - постојана бордунска придружба која се одразува во конечната звучно-интонативна емисија. Бордунот претставува стабилна интонативна подлога. Овој вид на музика (бордунска) е особеност за одредени области во светот меѓу кои и Македонија.

Доколку гајдата има само брчало, таа е двогласна. Доколку има и слагарче таа е трогласна.

Опис Брчалото е составено од три дела кои се навлекуваат еден во друг со што овозможуваат негово скратување и продолжување со што се постигнува посакуваната висина на тонот. Првиот дел во кој што влегува писката се нарекува пискарник, вториот среднак а третиот брчало.

Брчалото константно произведува еден длабок тон – бордунира, а се штима со помош на гајдарката. При затворањето на трите горни отвора на гајдарката бrчалото произведува за две октави понизок тон од оној на гајдарката.

Брчалото обично се префрла преку рамото на гајдаџијата (прикажано на сликата), но може и да се остави да виси.

Поврзано Гајда Мев (гајда) Гајдарка Слагарче Дувало (гајда)

Наводи

Литература Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 98

Категорија:Гајда Категорија:Македонски фолклор