Предучилишни установи – институции за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Нивната задача е да овозможуваат услови и да придонесуваат за правилниот развој на децата до поаѓањето на училиште.

Најраспространет вид предучилишни установи кај нас се детските градинки и забавиштата.

Други установи што извршуваат дејност од значење за животот, растењето и воспитанието на децата од предучилишна возраст се: детските јасли, игротеките, детските клубови, центрите за детско творештво, детските забавни паркови, детските одморалишта и др.

Литература

К. Камберски - „Предучилишното и основното образование во Република Македонија“, Скопје, 2000.Предучилишни установи.

Наводи

Категорија:Предучилишно образование во Македонија Категорија:Основно образование во Македонија Категорија:Образованието во Македонија