Александар Маркус (роден на година во - починал на година во ) — македонски режисер и преведувач.
Животопис
Александар (Саша) Маркус дипломирал на Високата филмска школа во Белград во 1951 година, а потоа работел во „Вардар филм“ (1953–1955). Станал режисер и уметнички раководител на Театарот на народностите во Скопје (1955–1957). Режирал во Битола, Куманово, Ниш, Скопје - во Театарот на народностите и на Детската сцена на Младинскиот театар (подоцна Драмски театар), Струмица, Велес и Штип. Од 1957 година работел како слободен уметник. Како глумец учествувал во првата целовечерна пиеса на МНТ „Платон Кречет“. Повремено пишувал критички осврти, рецензии и друг вид написи за театарската и филмската уметност. Саша Маркус е еден од основачите на Академскиот кино клуб во Скопје.
Филмографија: 1953: Кој е крив? (Асистент на режија) 1953: Пожар (Сценарио) 1953: Европа (Режија, Сценарио) 1954: Македонски тутун II (Асистент на режија) 1955: Хигиенско-техничка заштита (Режија, Сценарио) 1967: Мементо (Асистент на режија) 1969: Време без војна (Асистент на режија)
Наводи
Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски преведувачи